Серијата од четири победи на Карпош соколи во АБА-лигата беше прекината вечерва, откако македонскиот претставник беше поразен со убедливи 95-61 на гостувањето во Подгорица против Будуќност. Иако најавуваа борба и обид за сензција, избраниците на Драган Николиќ мечот го загубија со само неколку минути слаба игра во финишот од првата четвртина.
Имено, почетокот од средбата мина во израмнета игра, на почетокот од седмата минута Будуќност имаше минимална предност од 16-15, за потоа да дојде до целосен колапс во играта на „соколите“, па црногорскиот гигант за неколку минути направи серија од 19-0 и ја заврши четвртината со огромни 20 поени разлика (35-15). Македонскиот претставник се обиде да стори нешто повеќе и да се врати во натпреварот, но не успеа во тоа, Будуќност не само што не дозволи намалување на разликата, туку Црногорците до крајот истата и ја зголемија на конечни 34 поени разлика.
Лабовиќ со 16 поени беше најефикасен кај македонскиот тим, пред Пери со 15 и Трајковски со 14 поени, додека најдобар стрелец на Будуќност беше Рејнолдс со 18 поени за 22 минути игра.
Карпош соколи наредниот натпревар во АБА-лигата го играат веќе во вторник, кога на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречекаат актуелниот првак Црвена звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА