Кошаркарите на Карпош соколи дури по продолжението успеаја да стигнат до триумф од 88-91 (18-28,27-24,17-14,16-12,10-13) на гостувањето против Куманово во третото коло од Суперлигата.
„Соколите“ одлично го почнаа мечот, но потоа дозвилија домашните активно да се вклучат во ритам приведувајќи го натпреварот до израмнеи 78-78 во регуларниот дел. Во продолжението гостите беа попросебни па стигнаа до посакуваниот триумф.
Со оваа победа Карпош соколи останува со МЗТ Скопје на врвот од табелата со максимални три победи, додека Куманово останаа на онаа една победа, и сега два порази.
Кожув, пак, стигна до победа од 83-76 во пресметката со Фени Индустри. Па сега гевгеличани со првата победа во Суперлигата се пробија на третата позиција на табелата, колку што има и Работнички, додека Фени Индустри остана единствената екипа без триумф во првите три кола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА