Раководството на Карпош соколи се реши за крајно непопуларна стратегија – кога веќе немаш сопствени навивачи, потруди се и гостинските да не присуствуваат на твоите домашни натпревари.
Во тој правец, македонскиот клуб во АБА-лигата донесе одлука билетите за претстојниот меч од АБА-лигата против шампионот Црвена звезда да изнесуваат 3.000 денари. Станува збор за цена што е апсолутен рекорд кога станува збор за натпреварите од регионалното кошаркарско натпреварување, со која раководството на клубот од Карпош се надева дека ќе ги оддалечи од арената гостинските фанови.
Само за потсетување, на дуелот на домашен терен против Партизан во салата „Борис Трајковски“ многу побројни беа приврзаниците на белградскиот клуб. За да се избегне слична случка на утрешниот меч, „соколите“ се решија цената на билетите да изнесува речиси 50 евра, цена што ќе премисли многумина од фановите на „црвено-белите“ кои сакаа да им дадат поддршка на избраниците на Дејан Радоњиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА