Ниту Куманово не успеа да го запре победничкиот од на кошаркарите на Карпош Соколи на почетокот од новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига. „Соколите“ славеа на гостувањето против Куманово во 3. коло со 83-94.
Триумфот на гостите дојде со голем пресврт во последната четвртина, откако првите три периоди претходно комплетно им припаднаа на домашните кошаркари.
Куманово влезе со предност од 9 поени во последната четвртина, 71-62. Но, гостите успеаја последната четвртина да ја добијат со убедливи 12-32, што на крајот значеше и конечен триумф од 83-94.
Најефикасни во победата на гостите беа Соколов со 22 поени и Делиќ со 20 поени. Кај Куманово предводеше Караџовски со 18 поени.
По оваа победа, Карпош Соколи се израмни на врвот од табелата со Блокотехна со по три победи од исто толку натпревари на почетокот од првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА