Ремонтот во играчкиот кадар на МЗТ Скопје ќе продолжи и во следните 24 часа, период во кој актуелниот шампион на Македонија ќе го комплетира трансферот на Доминик Мавра. Хрватскиот плејмејкер е добро познат на македонската кошаркарска јавност по ланските одлични настапи во дресот на Карпош соколи. Тие игри му овозможија на Мавра трансфер во редовите на Хувентуд, но откако не се избори за поголема минутажа во шпанскиот клуб пред нашиот Ненад Димитријевиќ, Хрватот сега е подготвен за камбек во Македонија.
ЕКИПА дознава дека преговорите се наоѓаат во завршна фаза, а Мавра најдоцна до утре ќе дојде во Скопје, в недела ќе настапи против Мега бемакс, а не се исклучува ниту можноста да има мала минутажа на утрешниот дуел од домашното првенство меѓу МЗТ и Блокотехна.
Доаѓањето на Мавра ќе значи и заминување на Американецот Бејли, кој исто како и сонародникот Џенсен воопшто не ги оправда очекувањата на стручниот штаб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА