Обидите на Карпош соколи да го задржи костурот од ланскиот тим паѓаат во вода откако по Бојан Трајковски, од редовите на македонскиот вицешампион си замина и Американецот Кендрик Пери. Задржувањето на одличниот плејмејкер беше посочено како еден од приоритетите на раководството на „соколите“, но двете страни не успеаја да најдат заеднички јазик, па Пери својата кариера ќе ја продолжи во Унгарија.
Поранешниот АБА-лигаш Шолнок ќе биде нов клуб на плејмејкерот на „соколите“, откако попладнево беше објавено дека двете страни ги договориле сите детали од едногодишната соработка.
„Кендрик Пери, 26 години и 183 сантиметри, доаѓа од редовите на Карпош соколи откако минатата сезона со овој тим го освои куп-трофејот. Тој во просек во АБА-лигата бележеше по 12,5 поени и 4,56 асистенции по натпревар“ – се пофалија од раководството на Шопрон на клупската веб-страница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА