МЗТ Скопје го загуби и второто овосезонско дерби против лидерот Работнички во Првата лига, а особено незадоволен од настапот на својот тим е Дарко Соколов. Бекот на „металци“ истакна дека одиграа нов катастрофален натпревар во кој примија 100 поени, а Соколов смета дека најголемиот проблем е во одбраната.
„Одигравме уште еден катастрофален натпревар. Ништо не испочитувавме од тоа што го договоривме во соблекувална, премногу лесно примавме поени. Ако примите 100 поени од ривал како што е Работнички, не можете да очекувате победа. Се надевам дека во овие два месеци кои ни преостануваат ќе се подобриме, и ќе обезбедиме пласман во финалето на Суперлигата, но, прво мора многу грешки да исправиме. Ни се повторува голем проблем, во текот на целата сезона потфрлуваме во одбраната. На напаѓачки план играме добро, на секој меч го остваруваме просекот од 80 или повеќе поени, но ни се случува истото како во АБА – лигата, речиси од секој противник дозволуваме 80 или повеќе поени во нашиот кош, а со толку примени поени не можете да се надевате на успех“, истакна Соколов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА