Бекот на Карпош соколи, Дарко Соколов е задоволен што неговата екипа успеа да се избори за мајсторка во финалето од трката за кошаркарската титула.
Соколов смета дека шампионатот ќе го одлучи подобрата одбрана во последниот натпревар, надевајќи се дека „соколите“ ќе ја прекинат традицијата натпреварите да се добиваат на домашен терен, а со тоа и да ја освојат титулата во салата „Јане Сандански“.
„Мислам дека дадовме повеќе од 100% за оваа победа. Иако имавме пад во концентрацијата при најголемата наша предност и му дозволивме на противникот да ги обнови шансите за триумф, мило ми е што го контролиравме мечот во последните минути и го одржавме резултатот. Како и на претходните средби, така и на мајсторката ќе одлучува одбраната. Доколку успееме да ги неутрализираме нивните брзи бекови и да не им дозволиме лесни пробиви во рекетот, мислам дека имаме големи шанси да славиме. Засега домашниот терен се покажа како клучен фактор и за двете екипи, се надевам дека ќе ја прекинеме традицијата и ќе оствариме победа во салата „Јане Сандански“ – ни изјави Соколов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА