Сол Кемпбел долги години важеше за еден од најдобрите одбранбени фудбалери во Премиер-лигата, но по завршувањето на играчката кариера тој има сериозни проблеми да си најде ангажман како тренер.
Кемпбел тргна од пониските дивизии, најпрвин работеше во Маклесфилд, потоа и во тимот на Саутенд, но откако доби отказ од овој клуб во 2020 година поранешниот англиски репрезентативец се мачи да најде нов ангажман. А како што изјави минатата седмица, многу е разочаран од односот на челниците на клубовите, кои воопшто не му одговараат на испратената апликација.
„Делува неверојатно, но испратив дури 35 апликации во клубови кои бараа нов тренер. Само два ме исконтактираа по апликацијата, еден од нив ме повика на интервју, но на крајот избра друг тренер. Веќе не ни испраќам апликации, јасно ми е дека тренерската работа е нереална за мојата иднина бидејќи цело време се вртат истите стратези без разлика какви резултати имаат. Сепак, јас имам доволно фудбалско искуство за да бидам дел од овој спорт на повеќе различни начини“, изјави Кемпбел, кој играчката кариера ја заврши во 2011 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА