Рома се искачи на третата позиција на табелата во италијанското првенство откако во 23. коло славеше на домашен терен против Верона со 1-0. Херојот на „волчицата“ беше Солбакен кој во 45. минута од првото полувреме ја затресе мрежата на Мантипо.
Избраниците на Жозе Мурињо стигнаа до 44. бод во сезоната, исто колку што има и Милан. Верона пак останува да се бори за опстанок со 17 освоени бода, два помалку од местата кои носат прволигашки фудбал и следната сезона.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА