Данскиот првак ФК Копенхаген не покажа врвна класа во Скопје и си заминува со пораз (1-0). Тренерот Стале Солбакен не е задоволен од резултатот, и од изданието на својот тим, но потенцира дека двомечот ќе се решава во Данска.
„Не одигравме на посакуваното ниво. Вардар беше подобар и успеа да постигне погодок. Но, ова е само првото полувреме од двомечот. Ќе има и реванш во Данска, на кој се надеваме дека ќе бидеме многу подобри. Не дојдовме да се браниме, стратегијата беше да постигнеме гол, но не успеавме во тоа“, изјави тренерот на ФК Копенхаген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА