Солдадо доаѓа во Фенербахче, но нема да го фати Вардар

Поранешниот шпански репрезентативец Роберто Солдадо е на чекор до трансфер во турскиот клуб Фенербахче. Тој ги договорил личните услови со раководството на клубот, а Вилјареал треба да добие отштета од околу 8 милиони евра. 32-годишниот напаѓач минатата сезона се мачеше со повреди и не беше стандарден во составот на „жолтата подморница“.

Солдадо ќе стане нов соиграч на младиот македонски мегаталент Елиф Елмас, но ќе ги пропушти дуелите на Фенербахче со македонскиот првак Вардар. Составите за овие дуели од плејоф колото во Лигата на Европа веќе се доставени во УЕФА.

 

Се вчитува...