Шпанскиот интернационалец Роберто Солдадо е доведен во Фенербахче ова лето како големо засилување, а очекува својот дебитантски натпревар да го има токму утре во Скопје, на првиот дуел против Вардар од плејоф двомечот за Лигата на Европа. Тој вели дека во добра форма и може да му помогне на својот нов тим.
„Се адаптирав многу брзо во редовите на Фенербахче. Се наоѓам во добра форма и очекувам да бидам стартер. Сакам да му помогнам на мојот нов тим да избори пласман во групната фаза од Лигата на Европа“, вели Солдадо.
Турскиот клуб Фенербахче за околу еден час се очекува да пристигне во Скопје, а вечерва ќе го одржи официјалниот тренинг на „Телеком Арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА