Солдадо спречи радост на Барди и Леванте

Леванте и петти меч во низа е без пораз во Ла Лига, но Енис Барди и неговите соиграч денеска ќе бидат разочарани откако во судиското продолжение примија гол и ремизираа 2-2 против Гранада.

Фудбалерите на Леванте двапати стигнуваа до предност, а во финишот при резултат 2-1 пропуштија две стопроцентни шанси да постигнат и трет погодок и да ја осигураат победата. Казната стигна во 92. минута, кога „резервистот“ Роберто Солдадо со прецизен удар со глава го матираше домашниот голман и спаси бод за Гранада.

Енис Барди влезе во игра во 81. минута од натпреварот.

Се вчитува...