Норвежанецот Себастијан Фос-Солеваг го освои златниот медал на трката во слалом на Светското првенство во алпско скијање кое се одржува во италијанската Кортина Д’ампецо. Фос-Солеваг до победата стигна со вкупно време од 1:46.48 минута, што беше за 21 стоти дел од секундата подобро од второпласираниот Австриец, Адриан Пертл. Бронзата му припадна на вториот Норвежанец, Хенрик Кристоферсен кој заврши со задоцнување од 46 стотинки зад времето на победникот.
Македонскиот претставник во слалом трката Дардан Дехари заврши на одличното 31. место.
Ова беше последна трка на Светското првенство во алпско скијање на кое Австрија заврши како најуспешна со вкупно осум медали од кои дури пет златни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА