Солидна партија на Јакимовски во поразот на Тренто од Болоња

Еден од најдобрите македонски кошаркари Андреј Јакимовски имаше солидна партија во поразот на домашен терен на неговиот Тренто против италијанскиот великан Болоња од 83-102 во меч од 5. коло.

Гостите од Болоња беа подобар противник во текот на целиот меч и во ниту еден момент на Јакимовски и неговите соиграчи не им дозволија да се понадеваат дека можат да стигнат до позитивен резултат.

Јакимовски беше еден од подобрите играчи во неговиот тим завршувајќи го натпреварот со 12 поени, шест скока и две асистенции.

Се вчитува...