Еден од најдобрите македонски кошаркари Андреј Јакимовски и неговиот Тренто доживеаја пораз на гостински терен против турскиот Турк Телеком од 92-86 во натпревар од 13. коло од новата сезона во Еврокупот.
Во целиот натпревар домаќините беа за нијанса подобар противник од италијанскиот прволигаш и на крајот заслужено стигнаа до конечен триумф и осма победа сезонава во второто по ранг европско натпреварување.
Нашиот интернационалец одигра 20 минути на овој меч на кој постигна шест поени, надополнувајќи ги со три скока и една асистенција.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

