ЕКИПА во Малта
Горан Бошев
Македонската фудбалска репрезентација ќе ја има поддршката во Малта на квалификацискиот натпревар кој вечерва од 20:45 го игра на Националниот стадион „Та Али“. Стадионот е со капацитет од ѝ17.797 места, а се очекува вечерва да биде исполнет нешто помалку од половина од капацитетот.
Меѓу Малтежаните и нема голем интерес тука во Малта за вечерашниот меч, со оглед дека противникот е неатрактивен, а и домашната селекција нема ниту еден освоен бод досега.
Согласно најавите, се очекува околу десет илјади навивачи да бидат присутни на трибините на Националниот стадион, од кои околу 1.500 ќе бидат за Македонија.
Дел од „Фалангата“ веќе пристигна во Малта за да даде поддршка, а исто така има и доста иселеници кои ќе дојдат да ја бодрат Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА