Македонските пливачки Миа Крстевска и Ева Петровска имаа солиден настап на шестиот ден на Светското првенство во пливање кое се одржува во корејскиот Гвангжу.
На 200 метри грбно, Миа Крстевска исплива 2:23.13 стотинки, време кое е за скоро две секунди подобро од пријавеното, што беше доволно за 37 позиција од вкупно 42 натпреварувачки. Најбрзо квалификациите на 200 метри грбно ги помина Рајан Смит од САД (2:06.01 стотинки) што е време на нов јуниорски светски рекорд.
На 800 метри слободно Ева Петровска квалификациите ги заврши како 36 од вкупно 40 натпреварувачки со време од 9:12.71 стотинки. Најдобра на делницата од 800 метри во квалификациите беше Леа Смит која исплива 8:17.23 стотинки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА