По очајниот старт на сезоната, Хрватот Марио Манџукиќ е означен како првиот фудбалер на листата засилувања за Манчестер јунајтед во јануарскиот преоден рок. Во прилог на неговото доаѓање на „Олд трафорд“ е и фактот дека веќе е отпишан од Јувентус па неговата отштета нема да изнесува повеќе од 15 милиони евра.
„Парите за засилувања во јануари се подготвени. Интензивно работиме на доведување нови имиња“ – вели менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, кој на директното прашање дали Јунајтед го носи Манџукиќ со одговор:
„Желба ни е да донесеме искусни играчи кои ќе им помогнат на младите да растат и фудбалски се развиваат. Но, нема да купуваме засилувања со високи плати… Што значи…“.
Сето тоа навестува дека Манџукиќ веќе е сигурно едно од првите засилувања на тимот, ако се знае дека има плата од 4,5 милиони евра годишно, колку што е едномесечната плата на Алексис Санчез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА