Иако се тврдеше дека трансферот на Алексис Санчез од Манчестер јунајтед во Интер е веќе завршена работа, сепак тоа воопшто не е така. Јунајтед се јави со нови услови сега за евентуална позајмица на Чилеанецот со кои не се согласија од Интер.
Иако се веруваше дека Санчез е отпишан во Јунајтед, менаџерот Оле Гунар Солскјер позитивно се осврна на Чилеанецот денеска нагласувајќи дека од трансферот засега нема ништо.
„Тој игра за нас на пријателските натпревари и игра добро. И натаму траат разговорите со некои клубови, но засега нема ништо. Ќе видиме што ќе се случи наредниот период“ – истакна Солксјер на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА