Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер, кој беше отпуштен од клубот во ноември 2021 година, изјави дека секогаш би бил отворен повторно да го преземе тимот доколку раководството тоа го побара од него. Откако го напушти Јунајтед, Солскјаер одби неколку понуди од клубови од Саудиска Арабија и САД, а беше поврзуван и со репрезентацијата на Канада и Шведска. Но, Норвежанецот работи само како технички советник на УЕФА и на тој начин поминува повеќе време со семејството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА