Оле Гунар Солскјер не го криеше бесот и разочарувањето по катастрофалното издание на Манчестер Јунајтед и заслужениот пораз од 4-0 на гостувањето против Евертон. Тој испрати јасна порака до фудбалерите дека очекува многу поголемо залагање, заканувајќи се дека голем дел од нив ќе бидат продадени доколку пристапот во играта не се промени.
„Треба да им се извиниме на навивачите, ова издание не е доволно добро кога сме Манчестер Јунајтед. Го изневеривме клубот, ги изневеривме фановите и се чувствуваме очајно. Игравме толку лошо што не би знаел од каде да почнам. Веќе реков минатата седмица, на терен треба да се игра, а не да се криеме, а денеска првиот шут кон голот го имавме во 85. минута. Пристапот беше очаен, за овој дрес мора да се гине. Една работа треба да е јасна, јас сум решил да бидам успешен како стратег на Манчестер Јунајтед и знам што треба да сторам за да успеам. Ако играчите не го разбираат тоа и имаат поинакви планови, ќе си заминат и ќе отстапат место за други фудбалери“ – истакна Солсјкер.
Дали зборовите на Норвежанецот допреле до неговите фудбалери ќе видиме в среда, кога Јунајтед го игра големото дерби со Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА