Долгогодишниот менаџер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон изминатиов викенд го посети тренинг центарот на клубот посакувајќи им успех во новата година на Оле Гунар Солскјер и фудбалерите.
Фергусон, кој во последниот ден од 2018 година го прослави 77-от роденден, го прифатил повикот на Солскјер да ги посетува нивните тренинзи во тренинг центарот во Карингтон.
„Дојде и може да кажам дека нам ни беше навистина пријатно што минува некое време со нас. Разговараше со тренерите и персоналот во центарот, а на даде силно охрабрување на нас во стручниот штаб“ – вели Солскјер.
Фергусон за нешто повеќе од 26 години на клупата на Јувентус освои 38 трофеи. Секој негов совет е повеќе од драгоцен, како и за Солскјер така и за сите кои работат во клубот.
„Сер Алекс навистина многу го познава Манчестер јунајтед. Среќни сме што е свесен дека ќе направиме се клубот да успее“ – вели Солскјер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА