Перфектното издание на Давид Де Хеа на голот му ја донесе на Манчестер Јунајтед значајната победа над Тотенхем во дуелот од 22. коло во англиската фудбалска Премиер-лига со која продолжи супер-успешната серија на „црвените ѓаволи“ од шест последовни победи во сите конкуренции.
Менаџерот Оле Гунар Солскјер под чие водство се случува преродбата на Јунајтед има само пофални зборови за шпанскиот чувар на мрежата.
„Го имаме најдобриот голман во светот, сум го кажал ова многу пати. Во овој клуб сме имале неколку великани на голот, а Де Хеа е сериозна конкуренција и за Едвин Ван дер Сар и за Петер Шмајхел“ – вели Норвежанецот.
Манчестер Јунајтед ја активираше клаузулата за продолжување на договорот на Де Хеа до следното лето, а клубот води интензивни преговори со Шпанецот за долгорочен договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА