Најдобриот стрелец во историјата на Србија, Александар Митровиќ е трансферна цел на Бешикташ. Напаѓачот кој игра во Ал-Хилал од Саудиска Арабија, на крајот на сезоната би можел да се врати во Европа.
Неговиот договор истекува во јуни 2026 година, и веќе почнаа шпекулации околу негово заминување од клубот. Се шпекулира дека првата понуда доаѓа токму од Бешикташ, а Митровиќ бил еден од омилените на тренерот Оле Гунар Солскјер.
Екс тренерот на Манчестер Јунајтед, добро ги познава квалитетите на Митровиќ, кој играше во Фулам. Оваа сезона српскиот напаѓач има 14 голови. За српската репрезентација настапил 98 пати и постигна 59 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА