Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не му замерува на Давид де Хеа поради лошата интервенција на мечот со Тотенхем, по која Јунајтед беше во негатива од 1-0. Мечот заврши 1-1, а шпанскиот голман поради лошата интервенција беше цел на критики на јавноста во Англија.
„Мислам дека воопшто не е лошо кога на седум натпревари ќе примите само два гола, а сте играле против Сити, Челси, Тотенхем и против Евертон. Можеби можеше да го одбрани тоа во петокот, можеби и не. Секако, многу често го има спасено тимот, ни помага да победиме. И понатаму сметам дека е најдобар голман во светот“, изјави Солскјер.
Клубот од „Олд Трафорд“ во моментов се наоѓа на петтата позиција на табелата во Премиер – лигата со 46 бода. Во 31. коло „црвените-ѓаволи“ вечерва на домашен терен ќе го пречекаат Шефилд Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

