Солскјер ја носи „ѕвездата“ на Астон Вила на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед повторно тргнува во трката за потписот на одличниот фудбалер на Астон Вила, Џек Грилиш. „Црвените-ѓаволи“ денеска се среќаваат токму со тимот од „Вила парк“, што е одлична можност за менаџерот на тимот, Оле Гунар Солскјер да се обиде да го доведе одличниот Англичанец.

Јунајтед уште во септември беше заинтересиран да го ангажира Грилиш, но во тој момент пропаднаа преговорите. Сега ќе се обиде повторно да го донесе, како би успеал да го засили тимот за напад на титулата во Премиер-лигата.

Јунајтед игра одлично во последно време во Премиер-лигата и во моментов се наоѓа на само три бода негатива од лидерот Ливерпул, но и натпревар помалку.

Се вчитува...