Манчестер јунајтед го воодушеви фудбалскиот свет со триумфот од 1-3 на реванш дуелот против ПСЖ во Париз кој значеше за „црвените ѓаволи“ продолжување понатаму во најквалитетното европско клупско натпреварување.
Оле Гунар Солскјер уште еднаш ги покажа своите тренерски квалитети, освојувајќи ги повторно симпатиите на навивачите.
„Со овој клуб нештата само вака се работат. Ова е Јунајтед. Ова е клубот кој знае што сака… Сакате да ви ја кажам тајната на успехот? Го гледавте сите натпреварот меѓу Реал Мадрид и Ајакс. Е, тоа беше нашата мотивација. Заедно го следевме тој натпревар во Мадрид, и таа ноќ претходно и ние сфативме што точно сакаме“ – изјави синоќа пресреќниот Солскјер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА