Солскјер ќе го спаси Манџукиќ од очајот во Јувентус?

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, сака во јануари да го доведе на „Олд Трафорд“ хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ. Тој не е во преден план кај Маурицио Сари во Јувентус, се обиде да замине во Катар, но, сепак, трансферот не се реализира и ќе остане во Торино најмалку до зимскиот преоден рок. Солскјер би сакал да го ангажира искусниот напаѓач и да го засили навалниот ред со нов квалитетен фудбалер.

Манчестер Јунајтед ова лето го напуштија Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, и двајцата се преселија во Интер, а опциите на Солскјер се намалија и со повредата на Маркус Рашфорд. „Црвените ѓаволи“ вечерва во Лига купот го пречекуваат Рочдејл на домашен терен.

Се вчитува...