Оле Гунар Солскјер ќе добие постојан договор, но ќе заработува половина од платата што ја земаше Жозе Мурињо. Норвежанецот дојде на местото на португалскиот тренер во декември и комплетно ја сврте сезоната на Манчестер Јунајдет. Според најавите Солскјер ќе зема 7,5 милиони фунти што е точно на половина од 15-те милиони на Мурињо.
Неделната палта на менаџерот би била 145 000 футни, двојно помалку од тоа што за една седмица добива Пол Погба, не е многу повеќе од она што се верува дека го земал како плата во Молде.
Солскјер досега го предводеше Јунајтед на 17 натпревари и има смао еден пораз, од ПСЖ во осминафиналето во Лигата на шампионите, но тимот од „Олд Трафорд“ направи подвиг со триумфот на гостувањето и обезбеди пласман во четвртфиналната фаза. Еден од последните знаци за тоа дека Солскјер ќе остане ов Манчестер подлго според англиските медиуми е и фактот што тој веќе не живее во хотел.
следен предизвик за Јунајтед и за Солскјер е дербито со Арснела в недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА