Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер пред дерби дуелот со Ливепул вели дека и покрај тоа што „црвените“ се во одлична форма во Премиер-лигата, Јунајтед е голем клуб кој и покрај лошата форма не се плаши од никого.
„Мора да бидеме подготвени за мечот со Ливерпул. Мислам дека фудаблерите се ментално подготвени. Ливерпул има одлична серија, но ние сме Манчестер Јунајтед и имаме одлични фудбалери. Поради натпревари како овој фудбалери доаѓаат во нашиот клуб“, изјави Солскјер.
Дерби дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул на програмата е во недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА