Манчестер Јунајтед се најде во ретко видена незавидна ситуација уште на полувреме од мега-дербито во Премиер-лигата со Ливерпул. Оле Гунар Солскјер мораше да направи три измени веќе во првите 45 минути поради повреди на неговите играчи, а дополнителен проблем е и фактот што Маркус Рашфорд остана на терен, но и тој покажува знаци на повреда.
Јунајтед е првиот тим по Барнли во 2015 година кој ги направил сите три замени во првото полувреме на премиерлигашки натпревар.
Уште во 21 минута, Переира влезе на местото на Андер Херера, потоа Лингард кој и така имаше проблеми со повреда во пресрет на натпреварот го замени Мата. Ова се случи во 25. минута, а веќе во 43-тата, Лингард мораше да излезе поради повреда, на негово место влезе Алексис Санчез. Манчестер Јунајтед секако со проблеми влезе во дуелот, бидејќи е и без Немања Матиќ.
И Ливерпул беше принуден да направи една замена, на повреда се пожали Фирмино и неговото место го зазеде Стариџ. По првото полувреме на дербито на „Олд Трафорд“ нема голови.
’25 – ➡ Lingard comes on
’42 – ⬅ Lingard goes offIt’s another injury for @ManUtd as Alexis Sanchez replaces Lingard, meaning they have used all 3 substitutions before half-time!
Watch @ManUtd v @LFC live on Sky Sports Premier League now or follow: https://t.co/TIio2EoxdM pic.twitter.com/KH4WoQKqj0
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) February 24, 2019
Three players already forced off through injury. Rashford also looking uncomfortable.
What’s going on at Old Trafford? ? pic.twitter.com/BVidiMJ2yQ
— ESPN UK (@ESPNUK) February 24, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА