Оле Гунар Солскјер имаше причина за разочараност откако Манчестер Јунајтед со примен гол во 95. минута остана без триумф над Евертон. „Црвените ѓаволи“ имаа водство од 2-0, го прокоцкаа, а кога Мектоминеј погоди за 3-2 се чинеше дека Јунајтед ќе стигне до цел плен.
Сепак, „карамелите“ буквално во својот последен напад на мечот успеаја да стигнат до израмнување, одземајќи му значајни два бода на гигантот од „Олд Трафорд“ во трката за титулата.
„Да се ремизира не е страшен резултат, но кога ќе ви се случи да примите гол во 95. минута секако дека ќе се чувствувате многу лошо. Фудбалот е игра на голови, треба да ја сместите топката во мрежата, но и да го спречите противникот да го стори истото. Ние потфрливме во втората работа и затоа не стигнавме до победата. Вистината е дека требаше работата да ја завршиме многу порано, да не се дозволи да влеземе во неизвесна завршница. Сега можам да седам и да зборувам колку сме играле добро во нападот, но реалноста е дека освоивме само еден бод“, истакна Солскјер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

