Солскјер најавува „бурно“ лето во Манчестер jунајтед

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, најави дека „црвените ѓаволи“ ќе бидат многу активни во летниот преоден рок и е сигурен дека ќе донесе играчи кои не се многу скапи, но одлично ќе се вклопат во тимот.

„Скаутите работат низ целиот свет, анализираме добри фудбалери. Бараме играчи кои одговараат на личноста на нашиот тим. Верувам дека ќе добиеме фудбалери, кои нема да бидат многу скапи, но ќе бидат одлични“, изјави Солскјер.

Јунајтед во вторникот испадна во четвртфиналето во Лигата на шампионите од Барселона, а до крај на сезоната во Премиер-лигата ги очекува борба за четвртото место, кое следната сезона води во елитното натпреварување.

Се вчитува...