Солскјер: Не можам да му помогнам на Санчез

Агонијата и лошите изданија на Алексис Санчез во дресот на Манчестер Јунајтед продолжија и во осминафиналниот пораз од Пари Сен Жермен на „Олд Трафорд“. Чилеанецот влезе како замена за повредениот Џеси Лингард и буквално беше незабележителен на теренот. Слабата форма на Санчез кој имаше проблеми и со повреда покренува се повеќе прашања.

Не можам да му помогнам, не можам да направам ништо. Тој мора да се пронајде себеси. Ние знаеме дека се работи за квалитетен фудбалер“ –  рече менаџерот Оле Гунар Солскјер на прес конференцијата по натпреварот со ПСЖ.

Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед дојде од премиерлигашкиот ривал Арсенал пред една година. Има постигнато само три гола на 26 премиерлигашки натпревари, а на него не влијаеше ниту тренерската смена.

 

Се вчитува...