Фудбалерите на Манчестер Јунајтед одлична ја почнаа новата сезона во Премиерлигата, откако на домашен терен го убедлива го победија Лидс (5-2), што на тренерот Оле Гунер Солшер е знак дека неговата машина, конечно, почна да функционира и дека треба на подолг период да се задржат нејзините главни елементи.
Поради тоа, Норвежанецот од управата побарал итно продолжување на договорите со пет ѕвезди и тоа со Лук Шо, Хари Мегваер, Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд, како и со Пол Погба, кој подолго време одбива да ја продолжи соработката со „ѓаволите“. Преговорите се веќе во тек, а на сите им е понудено солидно зголемување на платите.
Најдобро се очекува да помине Фернандеш, кој во моментов има плата од 100.000 фунти неделно, а со новиот договор би добил трипати повеќе. Солскјер истовремено е решен да стори се за да го задржи Погба, иако тој влезе во последната година од договорот и се шпекулира дека следното лето ќе замине како слободен агент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

