Солскјер: Не станува збор за психологија, Сити е најдобриот тим во Англија

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, вели дека неговиот тим едноставно не бил доволно добар во поразот од 2-0 од Манчестер Сити во полуфиналето на Лига купот на Англија.

Провото полувреме заврши без голови, а во вториот дел со головите на Стоунс и Фернандињо, Сити обезбеди победа над лутиот градски ривал.

„Кога се постигнуваат голови од два едноставни прекини тоа е многу разочарувачко. Не бевме доволно добри во тие моменти. Не создадовме доволно големи можности за гол. Игравме против многу добар тим. Кога играчите на Сити играат добро, многу е тешко да се победат. Сè уште не сме на тоа ниво, но клучниот збор е „повеќе“ – ќе стигнеме таму каде што треба да бидеме, момците работат напорно и ќе бидеме подобри во деталите што се потребни“, изјави Гунар.

„Црвените ѓаволи“ загубија четири полуфиналиња по ред.

„Не станува збор за психологија, понекогаш едноставно се среќавате со многу добри тимови. Во моментов Сити е веројатно најдобриот тим во Англија, немавме доволно оружје за нив. Тие ја заслужија победата, но ова е многу подобра верзија на Јунајтед во споредба со минатата година “, заклучува Норвежанецот.

Се вчитува...