Солскјер: Не заслуживме пласман во Лигата на шампионите

Ремито против најслабиот тим во Премиер лигата, Хадерсфилд, и дефинитивно ги пропадна сите надежи на Манчестер Јунајтед дека тимот може да се избори за четвртото место на табелата и да биде дел од Лигата на шампионите. Избраниците на Оле Гунар Солскјер потклекнаа во финишот на сезоната, а менаџерот е реален и вели дека „црвените ѓаволи“ не заслужиле пласман во елитното европско натпреварување.

„Не заслуживме да бидеме меѓу првите четири екипи во Премиер лигата. Имавме доволно шанси, но не ги грабнавме. Затоа и сме на позицијата која нема да води во Лигата на шампионите“, изјави Оле Гунар Сослкјер.

Интересен е податокот кој вели дека од доаѓањето на Норвежанецот на клупата на Манчестер Јунајтед, тимот освоил вкупно 40 бода, а пред него се само двата тима кои се борат за шампионскиот трофеј, Ливерпул и Манчестер Сити.

 

Се вчитува...