Манчестер Јунајтед забележа уште една значајна победа во Премиер-лигата, но Оле Гунар Солскјер немаше многу време за славје по тримфот на жешкиот терен во Лестер. Имено, Норвежанецот им честиташе на своите фудбалери за трите бода, се појави накратко пред медиумите за задолжителната изјава по натпреварот, па веднаш потоа полета за Франција.
Новата работна задача за Солскјер е – скаутирање на ПСЖ, на натпреварот што францускиот првак вечерва ќе го игра на „Жерлан“ против Лион. Вообичаено членови на стручниот штаб ги скаутираат следните противници, но за една толку важна пресметка како онаа меѓу Манчестер Јунајтед и ПСЖ во осминафиналето од ЛШ, јасно е зошто стратегот на „ѓаволите“ сака самиот да ги види „светците“ од Париз на дело.
Меѓу најважните работи, Солскјер сака самиот да види како во живо изгледа играта на ПСЖ без помошта на Нејмар, кој нема да може да настапи на претстојниот двомеч од осмфиналето од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА