Манчестер Јунајтед пропушти можност да го совлада Челси на домашен терен и во директен дуел да освои три значајни бода со кои ќе се искачеше на посакуваното четврто место на табелата во Премиер – лигата. Со ремито (1-1) речиси и да ги загуби шансите да ја оствари целта за пласман во Лигата на шампионите. Голманот Давид Де Хеа имаше лоша реакција при израмнувачкиот погодок на Маркос Алонсо, но менаџерот Оле Гунар Сослкјер истакна дека никој не смее да го обвинува одличниот чувар на мрежата.
„Давид е неверојатен за овој клуб и имал толку фантастични одбрани. Ние секогаш меѓусебно се поддржуваме. Никој не смее да го обвинува Де Хеа за губењето на бодовите. Не успеавме сите заедно и продолжуваме понатаму, да работиме напорно“, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед.
Англиските медиуми најавуваат дека Манчестер Јунајтед ова лето ќе се обиде да го купи Јан Облак од Атлетико Мадрид, а да го продаде Давид Де Хеа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА