Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер, ја одби понудата од иранскиот фудбалски сојуз да биде селектор на репрезентацијата, која ќе се натпреварува на Мундијалот во Катар на крајот од оваа година.
Иран изненадувачки осана без селектор, откако неочекувано му врачија отказ на 53-годишниот хрватски стручњак Драган Скочиќ, кој избори пласман на СП и имаше скор од 15 победи во последните 18 меча. Иран ги загуби последните два од трите меча, и тоа беше доволно за отказ.
Иран ќе биде во група со Англија, САД и Велс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА