Пол Погба нема повеќе да изведува пенали за Манчестер јунајтед по промашениот против Вулверхемптон. „Црвените ѓаволи“ имаа шанса преку пенал да стигнат до триумф од 1-2, но Патрисио го одбрани шутот од 11 метри на францускиот репрезентативец.
По мечот, Солскјер одлучи и дефинитивно во иднина Погба да не шутира пенали, а таа улога во иднина ќе ја има Маркус Рашфорд кој во 1. коло од Премиерлигата погоди од пенал против Челси. Но, во 2. коло Погба побарал одговорноста да ја преземе на себе. Промаши и Јунејтед место со три, замина со само еден бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА