Солскјер остана без уште еден првотимец

Оле Гунар Солскјер не може да крене глава од проблеми со повреди на своите клучни играчи, откако стратегот на Манчестер Јунајтед се соочи со ново отсуство на важен првотимец. Овојпат Ромелу Лукаку е фудбалерот што ќе мора да мине извесно време надвор од терените, откако белгискиот „џин“ се пожалил на болка во ногата, а лекарите по деталните прегледи му препорачала на голгетерот пауза од тренинзите најмалку во следните 15 дена.

Лукаку настрада при еден дуел со Маркињос во реваншот од осминафиналето во ЛШ, потоа повреден настапи на дербито со Арсенал, но лекарите јасно ставија до знаење – Белгиецот мора да одмори за да не ризикува сериозна повреда и долга пауза од терените.

Ова значи дека Лукаку дефинитивно ќе го пропушти утрешниот дуел од ФА Купот на Англија против Вулверхемптон, а потоа нема да биде во комбинација ниту за настап за Белгија на стартот од квалификациите за ЕВРО 2020.

Се вчитува...