Управата на Манчестер Јунајтед е подготвена да му даде нов долгогодишен договор на Оле Гунар Солскјер, доколку норвешкиот стратег успее да исполни еден услов што ќе му биде поставен. Предизвикот не е нималку лесен – да се елиминира ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите, но „ѓаволите“ гледаат токму на овој меч како на најдобар доказ колку Солскјер може да одговори долгорочно на улогата – предводник на најтрофејниот англиски клуб.
Јунајтед е подготвен да инвестира над 200 милиони фунти во нови фудбалери во текот на летото, а евентуална елиминација на дрим-тимот на ПСЖ ќе биде доказ дека Солскјер е дораснат за оваа задача, со што Норвежанецот ќе потпише договор на најмалку три сезони и ќе добие целосна слобода во одлучувањето за новите играчи. Тој веќе целосно ги има придобиено симпатиите на директорот Ед Вудворд, кој претходно имаше бројни недоразбирања со Жозе Мурињо, но конечната одлука околу тренерската функцијата за новата сезона ќе ја донесат сопствениците на клубот, членовите на семејството Глејзер.
Јасно е, задачата на Солскјер се олеснува со фактот дека Нејмар нема да може да настапи за ПСЖ на претстојниот двомеч, но „светците“ се уште во своите редови ги имаат Мбапе и Кавани, од кои ќе доаѓа главната опасност по голот на Де Хеа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА