Манчестер Јунајтед оваа сезона игра променливо, но се чини дека тимот на Оле Гунар Солскјер и покрај сите проблеми успеа да се надмине себеси. „Црвените ѓаволи“ се на добар пат да изборат место во полуфиналето на Лига Европа, додека во Премиерлигата се наоѓаат на втората позиција на табелата, 11 бода зад првопласираниот Манчестер Сити, но и натпревар помеѓу во однос на градскиот ривал.
Манчестер Јунајтед можеше да биде и чекор поблиску до „сините“ од „Етихад“, но во тоа ги спречи променливата форма на домашен терен. Како виновник за неколку „украдени“ бодови, норвершкиот стратег откри дека биле црвените банери на трибините на „Олд Трафорд“.
„Не треба да постои причина, но некои играчи ми говореа дека им сметале црвените банери на трибините, бидејќи во дел од секунда, кога треба да додадат топка, не можеле да ги воочат соиграчите во црвени дресови. Ќе видите промена, банерите на трибините повеќе не се црвени, сега се црни“, изјави Солскјер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА