Солскјер открива: Го барав Халанд во Јунајтед за 4 милиони фунти, управата не сакаше да го донесе на „Олд Трафорд“

Оле Гунар Солскјер во интервју за норвешките медиуми обелодени дека имал голема желба во Манчестер Јунајтед да го доведе Ерлинг Халанд, но не успеал да ја убеди управата на англискиот гигант дека Норвежанецот е „чудо од дете“. Проблем претставувала прениската сума од околу четири милиони фунти што Молде ја барал за својот најдобар стрелец, поради што раководството на Јунајтед се сомневало во квалитетите на Норвежанецот.

Солскјер беше тренер на Молде кога Халанд ja почнуваше кариерата во овој клуб, потоа младиот стратег го прифати предизвикот да го води Манчестер Јунајтед, сакаше со себе да го доведе и Халанд, но управата не му ја исполни таа желба.

„Точно е, го барав Халанд во Јунајтед. Ми беа потребни само четири милиони фунти за тој трансфер, разговарав со управата на Молде, но од Манчестер не ми ги дадоа тие пари за да го доведам Ерлинг“, изјави Солскјер.

Остатокот од приказната е веќе познат, Молде го продаде голгетерот во Салцбург, од каде преку Борусија Дортмунд тој заврши во Манчестер Сити, тим за кој сезонава Халанд урива бројни голгетерски рекорди.

„Многу го почитувам Солскјер. Кога потпишав за Сити, добив и порака од него: Честитки за трансферот во погрешната страна од Манчестер“, откри неодамна Ерлинг Халанд.

Се вчитува...