Солскјер прави целосен ремонт во Манчестер – Подготвена е листа од 14 засилувања

Манчестер Јунајтед е еден од малкуте клубови во светот кои без проблеми ќе ја надминат кризата од пандемијата од коронавирусот.

Затоа менаџерот на клубот, Оле Гунар Солскјер има список од дури 14 фудбалери кои сака да ги доведе на „Олд Трафорд“ во следниот преоден рок. Најзвучни имиња се Хери Кејн и Џејдон Санчо, а меѓу желбите на Норвежанецот се и Џек Грилиш и Џејмс Медисон. Норвешкиот стратег во своите редови радо би ги видел и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, како и Деклан Рајс од Вест Хем.

На списокот од 14 фудбалери се наоѓаат и Дони ван ден Бек (Ајакс), Шејн Лонгстаф (Њукасл), Џад Белингем  (Бирмингем), Тимо Вернер (Лајпциг), Муса Дембеле (Лион), Каду Кулибали (Наполи) и Матајс де Лихт (Јувентус).

Се вчитува...