Манчестер јунајтед во најголемиот дерби дуел на Премиер лигата во недела на „Олд Трафорд“ го пречекува Ливерпул.
„Црвените“ се водечки тим во шампионатот, силно атакувајќи на титулата по пауза од три децении. Но, сега пред нив е голем предизвик.
„Не сум премногу фокусиран на другите тимови и на нивни желби и амбиции. Конкретно сум фокусиран на она што ние сакаме да го направиме до крајот на сезоната. Факт е дека шампионската трка се сведе на три тим, а мојот фокус е четвртата позиција. Ако веќе директно ме прашувате кој сакам да биде шампион, иако не сакам премногу да се мешам во тоа, тогаш би рекол Тотенхем“ – вели Солскјер, и дополнува:
„В недела против Ливерпул одиме на победа. Знаеме дека може да го реализираме тоа. Не треба посебен мотив кога играте против Ливерпул, без разлика дали тој тим се наоѓа на чело на табелата или последен. Ова дерби е најголемото на Англија во историјата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА