Поранешниот фудбалер и тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ја прокоментира лошата сезона која ја има неговиот омилен клуб.
Манчестер Јунајтед ќе ја заврши сезоната на разочарувачкото 15. место кое ќе биде воедно и најлошата позиција уште од 1974 година по што на младиот стратег му е тешко и кога ја гледа табелата.
„Манчестер Јунајтед ми е семејство и засекогаш ќе биде дел од мене. Тешко ми е бидејќи си го гледам семејството кое ми е во проблеми. Никогаш не е лесно кога ќе ја видам табелата“, вели Солскјер.
Норвежанецот настапуваше во дресот на Манчестер Јунајтед од 1996 до 2007 година, а потоа и го предводеше од тренерското место од 2018 до 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

